Забите се мијат два пати дневно со флуоридна паста за заби. Се препорачува здрав начин на живот кој вклучува здрава исхрана, не пушење и ограничен внес на алкохол, што е добро за целото тело вклучувајќи ги забите, непцата и устата. Важно е да вршите редовни контролни прегледи кај вашиот стоматолог.
Рано откривање на проблемите значи и полесен третман. Ненавременото дијагностицирање доведува до силно оштетување кое некогаш е дури и невозможно да се поправи.
Симптоми на заболување на непцата
Здравите непца се со розова боја, цврсти кои ги држат забите во алвеолата. Не треба да крварат кога ке се допрат или при четкање. Заболувањето на непцата не е секогаш болно и вие понекогаш не сте свесни дека го имате. Ова е причина повеќе зошто е важно да се вршат редовни стоматолошки прегледи.
Рани симптоми
Рани симптоми
Почетните симптоми вклучуваат црвени и набабрени непца и крварење на непцата при четкање или чистење со конец. Оваа фаза се нарекува гингивит.
Напреднати симптоми
Напреднати симптоми
Ако гингивитот не се лекува ткивата и коските односно потпорниот апарат на забите може да бидат афектирани. Ова е познато како периодонтитис. Симптомите вклучуваат лош здив, непријатен вкус во устата и расклатеност на забите.
Помогнете му на вашето дете да има здрави заби за цел живот
преку воспоставување на добра стоматолошка здравствена рутина.
преку воспоставување на добра стоматолошка здравствена рутина.